January 17, 2022, 5:44 pm

Гувернерот нa Кaлифopниja бapa oд Бајден дa пpoглacи cocтojбa нa гoлeмa kaтacтpoфа пopaди пoжapитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 13.500 пожарникари се обидуваат да изгаснат десетина големи пожари во американската сојузна држава Калифорнија, пренесува Фокс 40.

Пожарите досега уништија стотици домови, а 43.000 луѓе се евакуирани.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусам побара претседателот на САД, Џо Бајден да прогласи состојба на голема катастрофа во осум окрузи, што би овозможило сојузна помош за загрозените жители и институции.

Пожарот Калдор уништи 466 километри квадратни дрвја и растенија во северниот дел на Сиера Невада, како и 447 објекти откако изби на 14 август, а досега само девет отсто е под контрола и се приближи до езерото Тахо.

Во северниот дел на Калифорнија, пожарот Дикси е 40 проценти под контрола, а уништи 1.259 објекти, меѓу кои 678 домови, а речиси 13.000 објекти се загрозени од огнот.

Калифорнија е една од ддесетината западни сојузни американски држави каде вчера се регистрирани 90 големи пожари.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This