Д-р Даниловски: Ниe нeмaмe виpyc вo циpкyлaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На ниво на статистичка грешка се бројките со корона вирусот во нашата земја во последните три дена, смета епидемиологот д-р Драган Даниловски, кој денеска учествува на трибината на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“. 

Тој вели дека инциденцијата е со вреност 7, а според Европскиот центар за контрола на болести 20 е границата за да се прогласи најнизок ризик. Дообјасни дека ако две недели се држи под три посто се прогласува зелена зона, а кај нас три недели е под 1 посто, односно последните денови 0,3 посто. Во доменот на статистичка грешка.

– Ние, практично, немаме вирус во циркулација. Тоа е така со актуелниот тип вирус. Делта вирусот е сосема нешто друго. Оваа поволна ситуација дава можност соодветно да се дизајнираат мерките за заштита на јавното здравје. Односно, нема потреба од никакви рестрикции, освен што останува работа на здрав разум, секој од нас во затворен простор да носи маска, од причина што сѐ уште имаме спорадични случаи дневно. А маска нема да има потреба да се носи ако 28 дена нема ни еден нов случај – вели д-р Даниловски.

За индискиот мутант или делта варијанта, која ја имаат 92 земји во светот, веројатно и нас нема да не одмине, смета д-р Даниловски.

За да ѝ се спротивставиме треба да се позанимаваме и да учиме на туѓите и на сопствените искуства и да се поставиме проактивно кон делта варијанта.

– Значи треба да работиме на јавно здравје односно со вакцинација, со помасовно вакцинирање летово, да се опфати што поголем број граѓани со две дози вакцина. Гледаме во Израел што се случува, беа шампиони, ги величаа, а делта варијантата направи да се покаже дека 55 отсто имаат вакцинирано со две дози. Делта варијантата е позаразна, и потребен и е праг на колективен имунитет до 85 отсто, за да се смета дека има мал ризик на епидемиско ширење. Добра вест е што природниот имунитет и вакциналниот, сепак некој повеќе некој помалку, штити и од индискиот вирус. Нас нѐ интересира колективната заштита. Небитно е дали си вакциниран со вакцина која штити 60 отсто или 90 отсто. Масовноста ако се постигне се добива редукција на колективниот ризик, а тогаш и индивидуалниот ризик се намалува – додава д-р Даниловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This