January 21, 2022, 1:16 pm

Дaнcкa ja пoвлeчe вakцинaтa нa „Џoнcoн и Џoнcoн“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управата за јавно здравство на Данска ја потврди во петокот својата претходно одлука за повлекување од употреба на вакацината против коронавирусот на производителот „Џонсон и Џонсон“.

Данска на почетокт од мај стана првата земја којашто ја исклучи од својата програма за масовна имунизација вакцината на „Џонсон и Џонсон“. Во април владата во Копенхаген, исто така, го запре и вакцинирањето со вакцината на англо-шведскиот производител „Астра Зенека“ поради појавите на крвни згрутчувања по вакцинирањето.

Европската агенција за лекови (ЕМА) на 20-ти април објави дека утврдила можна поврзаност меѓу вакцината на „Џонсон и Џонсон“ и ретките појави на создавање крвни згрутчувања кај возрасни лица во САД кои ја примиле оваа вакцина. Но ЕМА притоа истакна дека севкупната полза од вакцината е поголема од ризиците.

Данската програма за вакцинација започна на 27-ми декември минатата година, и требаше да заврши во септеври годинава. Во моментов 53,9 отсто од населението ја примила првата доза од вакцианта. Од 1-ви март, поради намалувањето на бројот нови коронаинфекции, власттие започнаа да ги намалуваат рестриктивните мерки.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This