Дали власта го затвори „Македонско село“ бидејќи им пречеше зборот МАКЕДОНСКО?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за пратеник на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 1 Велика Стојкова Серафимовска преку статус на Фејсбук вели дека Владата го затвори комплексот „Македонско село“ пред две години, за да сега повторно го отвори како „стартап“ проект.

-Случајот Комплекс „Македонско село“ во Нерези

Во 2018 година Владата го затвори комплексот „Македонско село“ во Нерези, одличен туристички проект изведен од претходната влада, на ВМРО ДПМНЕ, со примарен фокус на развој и промоција на културниот туризам и промоција и развој на креативни културни индустрии во областа на материјалното и нематеријалното македонско културно наследство.

Го затвори одеднаш, без артикулирана причина и со целосна безидејност за иднината на комплексот. Две години подоцна, блеснаа како стара батерија по толку полнење, со генијалната идеја: наместо македонско, да биде село за „стартапи“! Звучи модерно, „ин“, сите ќе не пофалат за модерноста!

Да не се разбереме погрешно – на сите ни е јасна креативната сила на „стартап“ потфатите и нивната двигателска моќ за развојот на едно општество, но „Стартап село“ на таква локација и во тој комплекс????

„Македонско село“ е изградено на таа локација токму поради непосредната поврзаност со еден од најстарите манастири во Европа, „Свети Пантелејмон“, уникатен по својот фрескопис, со што се промовира и македонското духовно културно наследство во жива форма. Комплексот е поврзан со рекреативните патеки на парк-шумата Водно, има и сместувачки капацитети, што уште од отворањето го направи исклучително популарна туристичка понуда, не само за странските, туку и за домашните туристи и гости и тоа во текот на целата година. И, конечно, сите сокаци и објекти во селото ја презентираат специфичната, преубава македонска архитектура од повеќе региони на Македонија, а посетителите можеа да купат охридски бисер, македонски филигран, да ја вкусат традиционалната македонска храна и да ја слушнат изворната македонска музика.

И сето тоа го имавме и го изгубивме. Зошто?! Па, зарем на младите генијалци од „стартапите“ им беше неопходна рурална архитектура да творат?? Рекреативни патеки за да стигнат енергизирани за работа? Илјада години стари икони да ги инспирираат??? Собичка да дремнат кога ќе се изморат, зашто одењето дома ќе им биде исцрпувачки недостапно. Како и сите институции неопходни за нивното делување.
Или им пречеше називот. МАКЕДОНСКО село. МАКЕДОНСКА архитектура. МАКЕДОНСКА милениумска духовна традиција. И многуте странски туристи кои оттаму излегуваа подучени за и восхитени од МАКЕДОНСКАТА ПРИКАЗНА. Искрено, навистина искрено, посакувам некогаш во животот да видам еден синоптички приказ на ум(ови) до толку обземени со себеомраза, истренирани за самоуништување, умови во постојана болка од стравот да не не си ги задоволат стопаните.

За среќа, овој пат нивната неспособност им оневозможи да направат непоправлива штета. Тапоста, пак, им ја одзема можноста да видат колку лесно идејата за „стартапи“ може да се вметне во примарната намена на комплексот. Со „стартапи“ од креативни индустрии врзани и/или инспирирани од податната и издашна традиција на Македонија, на кои навистина им е потребна локацијата да се инспирираат и обновената врвулица од туристи да се поткрепат и промовираат.

Како што треба да е и како што НИЕ ќе ја негуваме нашата МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This