January 21, 2022, 1:27 pm

Димитриеска Кочоска: Hacпpoти твpдeњaтa нa Заев и влacтa, чeтиpи cтpaнcки инвecтитopи ги pacкинaлe дoгoвopитe caмo пocлeдниoв пepиoд, Македонија e нa днoтo oд Балканот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордана Димитриеска Кочоска, претседателка на Комисијата за материјално-финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, на своето гостување во Радио Лидер утрово, истакна дека наспроти тврдењата на власта и Заев дека земјава има странски инвестиции тоа не е така затоа што само четири големи компании ги раскинале договорите последниов период, како и дека Македонија е на дното од Балканот што го покажуваат извештаите за рангирање на индекс на сранските инвестиции.

-Само во последниов период раскинати четири договори со странски инвеститори и тоа се странски инвеститори кои СДСМ ги договорил, потоа ги раскинале договорите, станува збор за германски Кеслер кој требало да вработи 150 лица, две турски компании, една за прозиводство на улично осветлување, една за автомобилска индустрија и една компанија од Албанија инвестиција во фармацевтската индустрија, која требало да вработи 300 лица, овде станува збор за инвестиции кои власта ги договорила, па потоа ги раскинале договорите.

Таа вели зад ваквата одлука на раскинување на овие инвестиции можно е да влијаела корупцијата, честото менување на законски прописи како со прогресивниот данок и неуспешните економски политики на Владата.

-Кога сме кај странските директни инвестиции Фајненшл тајм, Македонија според индексот за успешност на странските инвестиции во 2016 година била на високото трето место, од 2018 паднала на 18-то во 2019 ја нема воопшто на листата од 50-тина држави, тоа упатува сигнал кај инвеститорите дека нешто не е добро во државата, посочи Кочоска.

Тешко е да се справува со власта кога има ваков степен на корупција, и на еден подолг рок ова ќе остави посериозни последици врз македонската економија.

Кочоска вели дека единствено Владата е добра во водење на скап пи-ар, кој ни прикажува како да сме во некоја од скандинавските земји, кога реалноста е сосема друга.

-Ако тргнеме од странските директни инвестиции ние сме некаде на дното од Балканот и земјите од Балканот,за периодот од јануари до септември странските директни инвестиции само 119 милиони евра или 58 евра по глава на жител, во Србија имала над една милијарда или 295 евра по глава на жител, тука некаде е и Албанија и Бугарија, ние далеку заостануваме пред овие земји, странските инвеститори инвестираат во други земји, вели Кочоска.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This