January 20, 2022, 12:18 am

Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница алармира: Цeнaта нa cтpyјатa во Македонија секако ќе рacтe, сакале или не

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цената на електричната енергија секако ќе расте, истакна директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач по средбата во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и препорача земјава повеќе да инвестира во обновливите извори на енергија (ОИЕ) и во зголемувањето на енергетската ефикасност (ЕЕ). На средбата, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, разговарале за случувањата во електроенергетскиот сектор и го информирале Копач за последните случувања на пазарот на електрична енергија и мерките што се преземени од останатите државни органи.
Во изјава за медиумите, Копач посочи дека кризата со електричната енергија е на глобално ниво и дека во една ваква ситуација најлесно е да се преживее со домашното производство на електрична енергија.
– Тоа на некој начин го амортизира ударот, но во Македонија нема доволно производство на електрична енергија и поради тоа многу зависи од увозот. Не може да најдеме решение преку ноќ, треба да има повеќе инвестиции во обновливи извори на енергија, преку нови електрани на ветер, на сонце, хидроелектраната Чебрен, … само тоа може да се помогне во совладувањето на енергетската криза, изјави Копач и додаде дека сето тоа ќе се одрази на поскапување на цената на електрична енергија.
Сакале или не, рече Копач, ќе дојде до поскапување на струјата, бидејќи увозот е многу скап.
-Затоа најважно е да се дефинираат ранливите категории и да им се пружи помош за да може нормално да си ги платат сметките, порача Копач.
Како што нагласи во сите земји од поранешна СФРЈ, со исклучок на Словенија и Хрватска, се држат ниски цените на струјата за домаќинствата.
– Во социјалистичките земји од бивша Југославија, освен Хрватска и Словенија, сите други држат ниски цени на струјата за домаќинства, бидејќи се третира како социјално добро, но тоа е пазарно добро. Политичарите се плашат од зголемување на цената, но поради ниската цена на електрична енергија премногу се троши и плус нема пари за инвестиции во секторот. Цел Балкан ќе има дефицит на струја. Тоа ќе биде голем проблем за сите, нагласи Копач.
Посочи дека во земјава, како и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина воопшто не е вложувано во енергетскиот сектор во последните 20 години и дека ќе требаат десетина години за да се подобри состојбата.
– Јас би отишол со голема брзина во голема инвестиција на обновливи извори, тоа е приватен капитал, цените на пазарот се добри, не треба да им се дадат субвенции, само треба МЕПСО да го овозможи приклучувањето и тоа ќе даде нови капацитети. Обновливите извори на енергија се проблематични, треба да се балансираат, треба да го има и Чебрен…. На Македонија и треба и енергетска ефикасност. Многу трошите, зградите се енергетски неефикасни. Трошите струја за греење, а треба да имате централно греење на биомаса или на гас кое во комбинација со обновлива изворна енергија ќе овозможи долгорочна нормална ситуација, рече Копач.
Очекува дека ситуацијата ќе се подобри веќе следната година, некаде април-мај, но до тогаш, како што посочи, цената на струјата ќе остане.
Препорача јавните институции да штедат и да одржуваат пониска температура во просториите, да се гаси светлото итн.
-Тие се мали мерки, но секогаш се добри. Можеби тоа веќе се случува. Кампањите за штедење на електрична енергија се секогаш добри, но рестрикциите се само за во најголема криза. Рестрикција е нешто што е шок за нормален живот, а кампањата и доброто однесување се секогаш добредојдени, потенцира Копач.
Негова оценка е дека Македонија како држава членка на Енергетската заедница има напредок во реформите на енергетскиот пазар.
-Чекаме промени во Законот за енергетика за некои додатни работи. Ако тоа го споредиме со останатите земји, Македонија, Црна Гора и Србија на подрачјето на електрична енергија се најнапредни во оваа област, нагласи Копач.
Прашан дали земјава сама се доведе до оваа ситуација да биде зависна од увоз на струја, рече дека причина за тоа е што не се инвестирало доволно во енергетскиот сектор.
-Можеби можеше да биде многу подобро, но мора да се инвестирало во последните 10 години, но не се инвестираше. Практично освен една инвестиција во фотоволтаици и сега тендер во Осломеј немаше нови инвестиции во енергетиката, прецизира Копач.

Претседателот на РКЕ Бислимовски посочи дека и во моментов се водат повеќе јавни кампањи за штедење на електрична енергија кои ги прават компании што вршат енергетска дејност.
Прашан за колку ќе се зголеми цената на струјата по 1 јануари, претседателот на РКЕ рече дека прво треба да се распишат три тендери – за набавка на загуби од МЕПСО и ЕВН дистрибуција, како и за набавка на енергија за потребите на малите потрошувачи и домаќинствата од ЕВН хоум.
-За овој тендер, најмалку 60 отсто треба да обезбеди ЕСМ, ќе видиме колку и по која цена и дали ќе има потреба од увоз за електрична енергија. Нека завршат па ќе информираме, посочи Бислимоски и потсети дека од 2019 година РКЕ веќе не ја определува цената по која ЕСМ ја продава електричната енергија

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This