ДОКАЖЕТЕ ДЕКА САД НЕ ГИ ПОДДРЖУВА ТЕРОРИСТИТЕ: Во Ирак пронајден декрет на ИСИС со кој се забранува напад на авионите на САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Арапското биро на „Спутник“ добиле фотографии од декрет на лидерите на ИСИС со кој се даваат инструкции до борците да не се обидуваат да ги напаѓаат авионите на коалицијата предводена од САД кои летаат над Мосул и околниот регион

irak_isisusa
Во документот откриен во неодамна ослободениот Ирачки град Бахида, околу 32 километри југоисточно од Мосул, експлицитно се укажува на џихадистите да не ги нааѓаат силите на алијансата предводена од САД кои летаат над Мосул и околните населби.

Според „Спутник Арабик“, декретот бил откриен од Асириската Христијанска милиција поставен на информациона табла во центарот на Бахида, во близина на центарот за мобилизација на ИСИС. Вакви центри поставени од ИСИС им овозможуваат поголема мобилизација на локалното население и тренирање на нови регрути.
irak_dekret-1

Во текстот на декретот пишува:
„Стриктно се забранува да се соборуваат или да се користат било какви оружја, без разлика на која висина се леталата дури и ако слетаат на крововите на куќите“.
irak_dekret-2

Документот е потпишан од локалниот лидер на ИСИС Абу Муавиа.

Декретот е пронајден од единицата за заштита на висорамнината Ниневех, милитантна група составена од Асириски христијани, кои се концентрирани во северен Ирак. Групата е формирана во 2014 година со цел одбрана од ИСИС, кои се закануваа на оние кои не сакаат да се конвертираат во муслимани со брутална казна.

Од „Спутник Арабик“ потенцираат дека „јурисдикција за извршување на воздушни напади против ИСИС во регионот на Ниневех имаат само авионите на меѓународната коалиција предводена од САД, која постојано е под критика за бомбардирање на силите на Народната Милиција и Ирачката војска, како и доставување на хуманитарна и воена помош која завршува во рацете на ИСИС“. САД и нивните сојузници започнаа масовна кампања на воздушни напади против силите на ИСИС во Ирак, поточно во Мосул.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This