April 16, 2024, 11:27 pm

Дуо фантастико: Се сретнаа Маричиќ и Русковска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потребите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, подготовките на Република С. Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, како и зголемување на ефикасноста во постапувањето по предметите беа теми на разговор на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со јавната обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Маричиќ во разговорот, како што соопшти Министерството за правда, истакна дека ќе биде поддршка во процесот на кадровското зајакнување со стручни соработници и подобрување на капацитетите на обвинителството со цел поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Во однос на почетокот на преговорите и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, Маричиќ истакна дека во фокусот на преговорите ќе биде судската и обвинителската пракса и имплементацијата на законите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This