Европската агенција за лекови апeлира: Да не се дава втора доза од АстраЗенека кај лица кои добиле згpутчување на крвта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Втората доза на вакцината на АстраЗенека не треба да се инјектира кај луѓе кои имаат развиено згрутчување на крвта заедно со ниски тромбоцити по приемот на првата доза на вакцината, објави Европската агенција за лекови (ЕМА).

ЕМА издаде препорака како дел од истрагата за ретките, но сериозни случаи на згрутчување на крвта, кои можат да бидат поврзани со вакцинација со АстраЗенека и Џонсон & Џонсон.

ЕМА испитува појава на крвни згрутчувања во стомакот и мозокот од март и издаде препорака и двете вакцини да стават предупредувачка ознака за проблемите со згрутчување, истакнувајќи дека вкупните придобивки од обете вакцини ги надминуваат ризиците.

Денес, ЕМА објави дека е потребно да се следат знаците на појава на згрутчување на крвта или ниското ниво на тромбоцити во рок од три недели по приемот на првата доза на вакцина произведена од АстраЗенека. Посебна грижа мора да се обезбеди на луѓето со згрутчување на крвта, посочува ЕМА.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This