January 28, 2022, 12:03 pm

ЕГЗОРЦИЗАМ: Убиени 6 деца и нивната бремена мајка при култистички ритуал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Казна од 50 години затвор им е изречена на членовите на панамската секта кои на 14 јануари 2020 година убиле шест деца и една трудница во обред за „егзорцизам“, соопшти обвинителство на Панама.

„Судот изрече максимална можна затворска казна од педесет години на секој од седуммината обвинети“, членови на „Нова светлина Божја“, стои во соопштението на обвинителството.

Претходно, уште двајца членови на сектата беа осудени на по 47 години затвор по спогодбата со обвинителството, додаде истиот извор.

Членовите на сектата се прогласени за виновни пред судот во Чангуинола, на североистокот на земјата, за врзување и тепање на нивните жртви, шест деца на возраст од една до 17 години.

Бремената жена, која насилно била одвлечена во црквата каде се состанала сектата, била претепана пред очите на нејзините пет деца, кои подоцна и самите биле убиени, а пред шестата жртва, исто така малолетна, во присуство на сите членови на сектата.

Сведоците на масакрот, кои исто така биле повредени, избегале и повикале полиција. По пристигнувањето, полицијата во црквата затекнала околу петнаесет лица кои таму биле приведени, меѓу кои и неколку деца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This