January 20, 2022, 12:53 am

Железничкиот сообраќај и понатаму во прекин…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикатите во Железници на РМ Транспорт, кои се уште протестираат барајќи исплата на вториот дел од октомвриската плата, велат дека се врши притисок врз дел од вработените и има обиди да се пуштат локомотивите во сообраќај без притоа да бидат прегледани.

Претседателот на Независниот синдикат на машинскиот персонал во Железници на РМ Транспорт, Душко Чакаровски вели дека се врши притисок врз младите кои се вработени на определено време.

– Сѐ уште протестираме за неисплатениот втор дел од октомвриската плата, но во меѓувреме се врши притисок врз младите кои се вработени со договор на определено време да ги возат локомотивите без притоа да бидат прегледани. Локомотивите не се прегледуваат бидејќи и вработените во работилницата протестираат, истакнува Чакаровски во изјава за МИА.

И претседателот на Независниот синдикат на вработените на подружница Влеча на возови Железници на РМ Транспорт, Ѓоко Илиевски во изјава за МИА потврди дека машините не се прегледуваат.

– Вработените во работилницата протестираат поради неисплатен втор дел од октомвриската плата и несоодветните услови за работа. Машините не се прегледуваат, не се сервисираат, вели Илиевски.

Поради протестот, железничкиот сообраќај веќе со денови е во прекин.

Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемвриската плата. По исплатата, наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден. Во одлуката е наведено и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, како и дека во спротивно, нема да работат веќе од наредниот ден.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This