За кадровските решенија на предлог на Алтернатива ќе одлучува наследникот на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кадровските решенија што ќе ги предложи Алтернатива за министри и заменици министри ќе го чекаат новиот мандатар за да бидат избрани во Собранието.

„Владата околу крајот на годината ќе биде предложена, мојата оставка ќе биде депонирана, кога ќе почне постапката за предлагање на новата Влада во парламентот. Тоа се 20-ина дена од денеска. Ова прашање од тогаш натаму не зависи од мене, туку ќе зависи од новиот мандатар, од новиот премиер“, рече во неделата премиерот во остаква Зоран Заев на прес-конференцијата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

За кадровските решенија во Алтернатива ќе решава Централното претседателство. Гаши рече дека во наредните денови ќе направат внатрепартиски консултации и кога ќе имаат решенија, рече, ќе го свикаат централното претседателство и ќе се донесат одлуките кои имиња ќе ги претставуваат во извршната власт.

Посочи и дека имињата што кружат во јавноста се шпекулација зашто тие се уште не се потврдени во партиските органи. Немаат одлука за здравство иако се спомнува д-р Беким Сали, кој за Заев би било прифатливо решение.

Прашан дали сега е подготвен да го смени Венко Филипче од функцијата, бидејќи не ја прифати неговата оставка по пожарот во модуларната болница во Тетово со 14 жртви, Заев одговори дека Македонија досега „немала подобар“ министер за здравство.

Венко ќе стане подругар со мене отколку што бил зашто ќе имаме повеќе време, рече Заев.

На новинарско прашање зошто, за разлика од Беса која имаше еден министер и двајца заменици во Владата, за соработката со Алтернатива се спомнуваат повеќе членови и 47 функции и дали тоа било условот за влез во Владата, Гаши одговори дека во преговорите за влез во Владата немале уценувачки пристап и дека единствено се раководеле за доброто на државата и дека условот бил програмските определби.

Заев, пак, кажа дека не знае за список на функции што е објавен, но може да потврди дека Алтернатива добива доста повеќе значајни одговорности во извршната власт.

Во однос на коалицирањето со опозициските партии за локалните избори, Африм Гаши рече дека ставот им е оти остануваат докрај верни на коалициите со кои заедно настапиле, и со Алијанса за Албанците и онаму каде што поддржале независен кандидат.

Нашите гласачи гласале за тие кандидати. Ние унилатерално нема да ги прекинеме овие коалиции, се додека од другата страна нема раскинување или се искаже недоверба или унилатерално ја прекинат соработката со Алтеранатива. Тогаш ќе бидеме принудени да функционираме поинаку, рече Гаши.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This