Заев: Имaмe пaтpиoтcкa дoлжнocт ceкoгaш дa бидeме oбединети во негyвaњeто нa нaшeтo пpaвeдно oпштecтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато. Денеска се сеќаваме и им се поклонуваме на сите оние кои никогаш не се запрашаа за цената на слободата, правдата и социјалната еднаквост. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание, истакна премиерот Зоран Заев, во честитката по повод државниот празник.

Тој нагласи дека нашите борци од народно-ослободителната војна и сите претходни генерации, што ги вградиле своите дела и животи во слободата, ни ја дале државата како дом за сите, како дом на слободата.

-Поради храбрите борци на НОБ, сега стоиме тука горди, со кренати глави чувајќи го аманетот на нашите државотворци. Аманет поради кој денес, сите ние – Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други, имаме патриотска должност секогаш да бидеме обединети во негувањето на нашето праведно општество. Општество на еднакви можности, општество на правда, одговорност и еднаквост – Едно општество за сите!, истакна Заев.

Тој додаде дека празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато.

-Да ни биде вековита Република Македонија! Да живее слободата, наведе тој во честитката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This