ЗАЕВ ИМА МАКА СО „ИГРАЧОТ СО БРОЈ 5“:Пријатели на Стоилов кој добро го познаваат, на Заев му препорачуваат да го избегнува капитенот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев се наоѓа во комплицирана политичка ситуација откако неговите медиуми и „инфлуенсери” со месеци го напаѓаат Столе Стоилов, а тој вечерва како капитен на Вардар го подигнa шампионскиот трофеј во ракометната Лига на шампиони, анализира „Експрес“.

Стојанче Столе Стоилов заедно со Борко Ристовски во неколку наврати јавно се спротивстави на промената на уставното име по што новинари, медиуми и инфлуенсери под контрола на Заев же стоко го нападнаа пред сè на социјалните мрежи.

Победата на Вардар ќе треба дека премиерот мора да го повика на прием капитенот и тимот како што ја прими Тамара по „Евровизија“.

Со тоа Заев ќе си има мака и со дел од македонските Албанци кои го нападнаа Столе откако на настан на Агенцијата за млади и спорт се спротивстави на несоодветна употреба на македонскиот јазик во однос на албанскиот.

Поради овој инцидент сервисот на албански јазик на МРТВ Стоилов го нарекуваше „играчот со број” без да му го споменува името.

Пријатели на Стоилов кој добро го познаваат капитенот на Вардар на Заев му препорачуваат да го избегнува капитенот, воопшто да не се обидува да собира поени на успехот на ракометните ѕвезди и да не се појавува на прославата во Скопје која ќе ја има без разлика дали Столе и другарите ќе победат вечерва.

Доколку пак Заев го послуша советот и го бојкотира Стоилов ќе влезе во војна со “Комитите” за кои Стоилов е спортска икона но и личност од национална важност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This