January 17, 2022, 5:47 pm

Зечевиќ најави кандидатура за лидер на СДСМ: „Јас бев булдожерот на СДСМ во сите овие години“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Миле Зечевиќ, поранешниот организациски секретар на СДСМ, вечерва во гостување на ТВ24 истакна дека има намера да се кандидира за лидер на партијата, додавајќи дека клучно прашање во овој момент е дали неговата кандидатура ќе придонесе за зајакнување на единството или пак ќе доведе до дополнително влошување на и онака лошите услови во кои се наоѓа партијата.

– Ако сите релевантни политички фигури во партијата влезат со амбиција да го преземат претседателскиот трон, тоа може да предизвика лавина од бурни реакции внатре во членството. Ако почнеме со тоа, нема да биде добро за СДСМ. Многу е важно пред секој политички потег, внимателно да се анализира какви реакции ќе предизвика и какви последици ќе направи. Време до петок има, и ќе почекам дотогаш. Најважно е сега да се сочува единството внатре во СДСМ на начин каде сите релевантни фактори ќе застанат зад едно решение. – рече Зечевиќ

Тој нагласи дека ги прави последните анализи пред истекувањето на рокот за кандидирање за кој потенцираше дека е мошне краток и не остава простор за за промовирање и објаснување на визиите на кандидатите

-Клучен момент што ќе пресече е да го почувствува импулсот на членството во овој момент. Единствено тоа ми е битно и битно ми е останувањето на Заев во Владата како премиер. Во однос на другите кандидати, јас сум во предност во однос на нив. Сите структури долго ме познаваат. Јас бев булдожерот на СДСМ во сите овие години, вели Зечевиќ.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This