Иpaнcкaтa мopнapицa зa вpeмe нa вoeнaтa вeжбa зaбeлeжaлa нeидeнтификyвaнa пoдмopницa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иранската морнарица соопшти дека забележала неидентификувана подморница во близина каде одржува воени вежби во Омански Залив.

Подморницата се оддалечила откако иранската армија испратила предупредување и побарала да се почитува дистранцата пропишана со закон.

САД минатиот месец соопштија дека нуклеарната подморница „УСС Џорџија“ е распоредена во регионот на Персиски Залив. Но, портпаролката на американската Петта флота стационирана во Бахреин, денеска одби да ги коментира иранските наводи.

– Не даваме никакви изјави за операциите на подморниците, истакна таа.

Иранската морнарица во средата почна воена вежба со ракети со краток дострел во Омански Залив. Воената вежба се одржува во период на зголемени тензии поради иранската нуклеарна програма.

Во воената вежба учествуваат два нови брода од иранско производство Зерех за лансирање на ракети и иранскиот најголем воен брод, носач на хеликоптери Макран.

Американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година еднострано ги повлече САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, според кој Техеран се согласи да гои ограничи збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции. Трамп како причина за повлекувањето, помеѓу другото, ја наведе иранската балистичка програма.

Иран изминатите недели одржа повеќе воени вежби. Револуционерната гарда во саботата одржа поморска парада во Персиски Залив, а една недела претходно Иран одржа голема воена вежба со беспилотни летала.

Макран е логистички брод кој служи како поддршка на флотата може да плови речиси три години без вкотвување, а на него се наоѓа опрема за собирање и обработка на информации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This