January 19, 2022, 9:14 am

Израел и САД ќе разговараат за воени вежби за симулација на напад на ирански нуклеарни капацитети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министрите за одбрана на Израел и САД ќе разговараат за можни воени вежби за уништување на иранските нуклеарни постројки во случај на потенцијално најлошо сценарио, најави американски официјален претставник пред продолжувањето на нуклеарните преговори денеска во Виена.

Израелскиот министер за одбрана Бенц Ганц синоќа отпатува во Вашингтон за да се сретне со највисоките американски воени лидери, во време кога американските и европските претставници на преговорите во Виена изразија песимизам и незадоволство од барањето на Иран, јавуваат израелските медиуми.

Евентуалните воени вежби би биле подготовка за сценарио во кое овие преговори ќе пропаднат и лидерите на САД и Израел ќе се заложат за воен напад, пренесува Бета.

– Иран е закана за светскиот мир и стреми да стане егзистенцијална закана за Израел. Ќе разговараме за можните активности на состаноците за да се осигураме дека обидите на Иран да стигне до нуклеарната арена и да ги прошири своите активности во регионот ќе престанат, рече Ганц пред неговата патување во САД.

Ганц ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и со државниот секретар Ентони Блинкен.

Американскиот официјален претставник не откри детали за потенцијалните вежби за напад на иранските нуклеарни постројки.

Во октомври, американските воени претставници го информираа советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан за воените опции за запирање на иранската нуклеарна програма, посочуваат американски медиуми.

Големите воени вежби би ги одржала израелската армија над Средоземното Море, а би биле вклучени и десетици авиони, кои би симулирале напад врз иранската нуклеарна програма.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This