March 28, 2024, 11:28 pm

Имyнoлoгoт Пoпaдиќ: „Cинoфарм“ coздава пocлаб имyнитeт, пpиpoдниoт e дoбap aмa цeнaтa бeз вakцинa e пpeвиcoкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот по имунологија Душан Попадиќ денеска за РТС изјави дека вакцините што се достапни по имунизацијата дале малку повисока концентрација на антитела за разлика од кај луѓето кои го прележале вирусот. Во Србија веќе се зборува дека е важно да се добие четврта доза против вакцината. Попадиќ веќе има примено трета доза но вели дека поради недисциплината на граѓаните се доживува значаен пик на вирусот во четвртиот бран. 

– Не чека тешка есен, ова започна порано отколку што можев да претпоставам и ќе продолжи до зимата – вели Попадиќ.

Цитораше студија за вакцинацијата која била направена во Бахреин каде се аплицираат и Синофарм, Спутник, АстраЗенека и Фајзер. Таа студија покажала дека иновативните вакцини и вакцините „Фајзер“ обезбедуваат подобра заштита за разлика од оние кои примиле две дози од инактивираната вакцина „Синофарм“.

Другото нешто што тој го посочи е дека пред една недела излегла студија од Израел, каде се вакцинираа со вакцината Фајзер и го споредуваа имунитетот на оние кои прележале ковид и оние кои биле вакцинирани со две дози и оние кои имале ковид и вакцинирани со една доза.

Според лекарот, стекнувањето имунитет преку природна инфекција чини многу, чини во човечки животи.

– Добро е да не тргне кампања дека природниот имунитет е подобар, тоа е од аспект на долговечноста на имунитетот досега, поминаа 6 месеци откако луѓето беа следени, не знаеме што ќе се случи по 9 или 12 месеци и дали заштитата ќе биде подобра во тој случај по претходна инфекција или по две дози од вакцината – посочи професорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This