Кина co нajмнoгy мeдaли пo пpвиoт oлимпиcки дeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со три златни и еден бронзен медал, Кина поведе на листата со освоени одличја по првиот ден на Олимписките игри во Токио, на кој настапија македонските репрезентативци Бојан Бранковски во стрелаштво и пливачот Филип Деркоски, а следна утре рано наутро на олимписката арена ќе се натпреварува џудистката Арбреша Реџепи.

Златни медали на Кина денеска и донесоа Јанг Кијан во стрелаштво, Хоу Џихуи во кревање тегови и Сун Јивен во мечување.

Со златни медали се закитија и олимпијци од Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Еквадор, Унгарија, Иран, Косово и Тајланд, додека медали по првиот натпреварувачки ден во Токио освоија спортисти од вкупно 28 држави.

Македонскиот олимписки тим денеска се претстави со двајца натпреварувачи. Борјан Бранковски со нов државен рекорд го освои 21 место во стрелаштво во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри, додека пливачот Филип Деркоски заврши последнопласиран, 36-ти, во трката на 400 метри слободен стил.

Џудистката Арбреша Реџепи утре рано наутро во 4 часот по средноевропско време ќе биде третиот македонски спортист на олимписката арена во категоријата до 52 килограми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This