Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ бара избори веднаш значи што побрзо се случат толку подобро за државата, пролет е добар термин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ние бараме избори веднаш значи што побрзо се случат толку подобро за државата, не само доколку одиме себично ние како партија тогаш би биле неискрени кон граѓаните. Затоа што себично е ако гледаме, нас ни одговара оваа состојба да продолжи да кажеме од партиска гледна точка виза ви Социјалдемократскиот сојуз. Меѓутоа она што се однесува за граѓаните и што го кажуваме, што побрзо заминат СДСМ и ДУИ и дојде нова структура компетентна, стручна која што ќе може да најде решение на проблемите ќе биде подобро за граѓаните. Според мене најдобро е да се оди, односно да се почитуваат Уставот и законите и во најбрз можен рок да се тие избори реализираат. Сега сме веќе месец декември, така да пролет од прилика е убав термин за нови предвремени парламентарни избори“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во централниот дневник на Сител телевизија.
Ковачки додаде дека почетокот на преговорите за датум за влез во ЕУ тоа го посакува ВМРО-ДПМНЕ и лобира за тоа да се случи што побрза затоа што тоа граѓаните го заслужуваат иако тоа не го заслужува Владата на СДСМ и ДУИ. Македонија предолго е во чекалницата на ЕУ. И време е да се отпочнат преговори.
„Ние уште од сега бараме предвремени парламентарни избори затоа што локалните избори го дадоа односно го дефинираа идниот состав практично на Парламентот како треба изгледа. Односно моменталната состојба во Парламентот каква што е сега не ја рефлектира волјата на граѓаните и затао ги бараме овие предвремени парламентарни избори“, истакна Ковачки.
Ковачки во врска со трагедијата во Струма посочи дека институциите се водени од луѓе, а тие луѓе треба да носат одговорност. Не би требало граѓаните да страдаат заради тоа што одредени личности кои што ги водат институциите не си ја вршеле својата должност. И не само тие што не ја вршеле својата должност туку и оние контролни механизми што ги има државата врз тие институции не се спроведени. И затоа според него треба сите тие одговорни лица да носат одговорност како морално, политичка одговорност така да носат и кривична одговорност, само така и на тој начин ќе се докаже дека Македонија е сериозна и зрела држава.
„Меѓутоа факт е дека во моментов ова што го споменувате со автобусот е според мене и тоа како има доза на корупција, и кој што не е единствен случај, значи ова е случај кој што ни се провлекува подолго време. Значи не ни е прва оваа несреќа. Имате несреќа со болницата во Тетово, каде што Вилма Русковска кажуваше дека нема никој одговорен за таа работа, пазете јавна обвинителка е за организиран криминал. Понатаму гледате што се случува со сообраќајната несреќа во Ласкарци, се заборави случајот, истото мислам дека ќе се случи и со овој случај. Не сакам да ги споменувам оние претходни случаеви со ФИТР што беа со корупцијата, еве денеска и завчера излегуваат нови случаи со тој Фонд, со енормни суми кои што наместо да се даваат во равзој на млади и инвентивни решенија, проекти и така натаму, се даваат на лица што се блиски до Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ“, укажа Ковачки.
Ковачки рече дека граѓаните не треба да бидат казнети поради лошите политики на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This