January 27, 2022, 9:15 am

Кога политиката ќе се замеша во спортот: МОК ја исклучи Белорусија од Олимписките игри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) одлучи да ги исклучи членовите на Извршниот комитет на Националниот олимписки комитет (НОК) на Белорусија, на чело со Александар Лукашенко, од Олимписките игри и другите настани на организацијата, изјави портпаролот на МОК Кристијан Клои.

„МОК одлучи да преземе привремени мерки против Националниот олимписки комитет на Белорусија и да ги исклучи сегашните членови на извршниот одбор на НОК на Белорусија од сите настани на Меѓународниот олимписки комитет, вклучувајќи ги и Олимписките игри“, рече Клои во пораката објавена на Твитер.

„Исто така беше одлучено да се суспендираат сите финансиски плаќања на НОК на Белорусија, освен за плаќања поврзани со подготовка на белоруски спортисти за Олимписките игри во Токио и Зимските олимписки игри во Пекинг и да се прекинат сите состаноци со претставниците на Белорусија во врска со идните настани во организација на МОК “, додаде Клои.

Организацијата ќе продолжи да ја следи состојбата и го задржува правото да ги прегледа своите активности или да ги откаже преземените мерки во зависност од развојот, рече портпаролот на МОК.

Претходно беше објавено дека МОК започна истрага против Белорусија под сомнение за политички прогон на спортисти.

Знаме на Олимписките игри

Александар Лукашенко е претседател на Националниот олимписки комитет на Белорусија. Извршниот комитет на организацијата ги вклучува Виктор Лукашенко, Дмитриј Басков, Дмитриј Пиневич и други.

Повеќе од илјада и пол белоруски спортисти потпишаа отворено писмо во август оваа година, во кое бараат нови избори во земјата и крај на насилството.

Масовните протести на опозицијата  започнаа во Белорусија на 9 август, по претседателските избори. Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи на изборите со 80,1 процент од гласовите. Опозицијата не ги призна  резултатите од изборите  и смета дека победи Светлана Тихановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This