January 21, 2022, 11:34 am

Косово дoби нoв пpeмиep: Албин Курти oфициjaлнo ja пpeзeдe дoлжнocтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот косовски премиер, Абин Курти, претпладнево официјално, со државна церемонија, ја презеде функцијата од досегашниот вршител на должноста шеф на Владата, Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Церемонијата на примопредавање на должноста беше одржана пред зградата на Владата, каде што беше изведена државната химна и беше построена свечената гарда на Безбедносните сили на Косово.

Според агендата на денешните активности на Курти, што ја објави владината служба за информирање, во 11.30 часот тој ќе ја одржи првата седница на новата Влада, по што ќе замине за Преказ, каде што ќе го посети Меморијалниот комплекс „Адем Јашари“. За попладне е предвидена средба со шефот на Канцеларијата на Европската унија во Приштина, Томаш Суниог.

Собранието на Косово синоќа, со 67 гласа „за“, 30 „против“ и ниеден воздржан, го изгласа лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на Владата. Кабинетот на Курти има 18 члена, од кои тројца вицепремиери. 

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This