August 12, 2022, 10:57 pm

Лаже кај стигне: Заев му ветил на Тачи дека ДУИ нема да ја земе во Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев му ветил на претседателот на ДПА, Мендух Тачи дека ако евентуално дојдат во ситуација да формираат Влада по парламентарните избори, кои треба да се одржат на 15 јули, досегашниот владин партнер ДУИ нема да ја земе да биде дел од владата, за што тој се надева дека Заев ќе си стои на зборот.

Ова го истакна вчера Тачи во интервју за телевизија Тв21, каде што додаде дека со Заев разговарале за да формираат предизборна коалиција но не успеале да се договараат. Која е причина за што не постигнале договор, Тачи одбива да каже со цел да не му наштети на Заев за време на предизборната кампања, која негативно може да му се одрази во бројот на освоени гласови.

– Со Заев разговаравме за предизборна коалиција со него, но не успеавме да се договориме. Која е причината што не успеавме да се договориме не можам сега да кажам за да не му наштетам за време на кампањата. Сакам јавноста да има разбирање за мојата коректност затоа што јас воопшто не сум заинтересиран да му наштетам на Заев. Јас имам надеж дека Зоран Заев ќе го одржи зборот и нема да ги земе ДУИ во Влада. Еве сепак нешто кажав, рече Тачи во момент на искреност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This