Лебот и млекото се пoeвтини во Германија: Ценовниот шok за 3000 денари ја поскапе потрошувачката кошница во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ВМРО-ДПМНЕ испратија критики до Владата на Република Македонија, за задоцнетата и лошо водена економска политика, со која неуспешно се одбегна ценовниот шок на пазараот.

– Потрошувачката моќ на граѓаните е сè послаба, затоа што платите не се доволни за живот, ниту две минимални плати не стигнуваат за нужни трошења. Повеќе од 3000 денари е потрошувачката кошница за разлика од пред две години. Ако на сето тоа го ставиме секојдневното зголемување на горивата, цената на електричната енергија која веќе неколку пати е зголемена, а најавите се дека ќе биде и до плус 20 % зголемена, реалноста е дека сме во тешка и невидена економска криза – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија тврдат дека основните прехрамбени производи во Македонија, имаат повисоки цени од цените во Германија.

– Јавноста компарира цени на производи од земјите во ЕУ во споредба со цените тука, нелогично е на основни производи цените во Македонија да се повисоки од цените во некои земји на ЕУ чии просечни плати се 2000 евра. Не може млекото и лебот и останати производи да се поевтини во Германија отколку кај нас – порачаа од опозицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This