January 17, 2022, 3:11 am

Максо пак paзочаран од СДCM

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Официјално, на синоќешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ја информираше јавноста дека во партијата ќе има внатрепартиски избори на 12 декември.

Од денеска може да се пријават сите заинтересирани кои сакаат да се кандидира за претседател на партијата. Секој кој е член на СДСМ, има право да се кандидира за претседател на партијата.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска изјави дека Централниот одбор, како што рече, констатираше дека со поднесената оставка на Заев во партијата потребно е да започне процес за внатрепартиски избори.

Кандидирањето започнува утре и ќе трае една недела, а право да се пријават имаат сите членови на СДСМ кои ги кои ги исполнуваат критериумите предвидени со статутот на партијата.

Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат на онлајн алатката. По изборот на нов лидер, ќе се избираат и органите на партијата.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали на ЦО било споменато името на Димитар Ковачевски за можен наследник на Заев, Кузеска рече дека се работело за коментар за квалитети на човек, без да прецизира други детали.

После седницата се огласи и Максим Димитриевски кој не беше повикан на состанокот на ЦО на СДСМ. Еве што напиша на Фејсбук.

Длабоко сум изненаден од игнорантскиот однос и моето континуираното неповикување на седниците на централен одбор на СДСМ на кои особено вчера очекував да дискутираме за мојот статус во партијата и бараме решенија за најновите состојби во партијата.

Ваквото непочитување на статутот недостаток на демократски капацитет на дел од раководството само ги потврдува моите сомнежи на лојалистичко клиентелистичкиот пристап кој воведува нов феномен на марионетски лидерства.

– Членството е тоа кое во една демократска и транспарентна постапка на евидентирање и кандидирање на кандидати за иден лидер на партијата треба да го има главниот збор до конечниот избор како и до сега, напиша Димитриевски на Фејсбук.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This