Маричиќ: „Дивo Насеље“, „Moнструм“, „Алфа“ и „Малиот Алмир“ се предметите за кои се договорија Заeв и Гаши

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Диво Насеље“, „Монструм“, „Алфа“ (за убиството на полицаец од единицата „Алфа“ кај ПМФ во Скопје) и „Малиот Алмир“ се случаите за кои е назначено дека ќе има меѓународен мониторинг во договорот што го потпишаа премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши, потврди министерот за правда Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на ТВ21.

„Колку што знам, тие се случаите кои биле дискутирани и кои се ставени во договорот на лидерите на двете партии. Логично е што предизвикаа голем број реакции, и кога ќе влеземе во суштината ќе видиме дека со овој договор не може да се влијае на тие случаи. Нема јавноста простор за загриженост дека политичките фактори ќе се мешаат во исходот или одлуките. Претходно, сме имале случаи кога политички партии барале мониторинг, сме имале ситуации и на барање на ВМРО-ДПМНЕ, кога се преговараше Законот за Јавно обвинителство, Владата побара мониторинг за случаите за висока корупција“, рече Маричиќ.

Тој напомена дека веќе побарале од ЕУ да прави некој вид мониторинг, што почнал во јули и 20 такви случаи се набљудувани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This