January 27, 2022, 8:32 am

Министерството за одбрана внимателно ја следи состојбата во Украина – Македонски трупи ќе се распоредат во Латвија како дел од операција на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради неодамнешните загрижувачки случувања на Руско-Украинската граница, односно распоредувањето на скоро 100.000 руски воен персонал, борбени текнови, артелерија и воена техника, од Инфомакс упативме прашање до Министерството за Одбрана на Македонија, за тоа, дали поради случувањата на источната граница на НАТО, Македонија како земја членка ќе распореди свои трупи како дел од НАТО операциите во регионот.

„Министерството за одбрана редовно ги следи состојбите на источната граница на НАТО и во однос на вашето прашање може да Ве информираме дека Македонија не се подготвува за испраќање на воен персонал и техника врзано со тие состојби.“ – Велат од Министерството.

Сепак, Македонија ќе ја распореди својата војска во непосредна близина со Руската Федерација, но, на Север во Латвија .

„Во Министерството за одбрана и Армијата, во рамки на колективната одбрана на Алијансата, веќе извесно време се подготвува македонски придонес кон операцијата на НАТО во Латвија- зајакнато истурено присуство (enhanced Forward presence -eFP), за што јавноста е веќе информирана.

Во тек се преговори за заедничко учество со Словенија и Црна Гора.

Големината на нашиот придонес ќе зависи од потребните способности кои ги декларира Словенија како носечки партнер во контингентот.

Начелен период на ангажирање на нашиот придонес би бил јуни/јули 2022 година, со ротација на 6 месеци.

Нашето понатамошно учество во операцијата би зависело од потребните способности кои Словенија како носечки партнер во контингентот би ги декларирала за следниот период, а кои Армијата на Македонија може да ги понуди за партиципирање.“ – Стои во одговорот на Министерството за одбрана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This