Михајловски: „Oвa лyдилo мopa дa пpecтaнe, yтpe ќe излeзeмe oд cpце и дyшa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актерот Тони Михајловски порача дека утре треба масовно да се излезе на протестот на кој ќе се бара фер судење за уставобранителите во кое ќе се докаже дека тие се невини и дека не се терористи.

– Утре ќе излеземе, од срце и душа, да им дадеме поддршка на последните бранители на Македонија. Да побараме нивно ослободување и фер судење во кое ќе се докаже дека се невини и дека не се терористи.

27-ми е последното наше востание. Востание за зачувување на македонското име, јазик, историја, слобода, устав, држава и достоинство. За жал неуспешно.

Па така злотворите и предавниците се престорија во жртви, а бранителите ги направија терористи.

Ова лудило мора да престане!

Тагата не зближува, болката не обединува!

Утре, да им ги распараме ушите со нашиот крик за Слобода!

п.с. …мрчатори ќе кажат дека некој ќе сака да го злоупотреби протестот…а најгласни ќе бидат оние што не го подржаа – порача Михајловски.

Статусот на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This