January 28, 2022, 12:00 pm

Мицкocки не бил во тepeтана за вpeме на кapaнтинот: Kaмерите пoкaжaлe дeкa никoj не вeжбaл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавното обвинителство донесе резолуција да го отфрли предметот во јавноста познат како „Теретана“, зашто истражувањата покажале дека нема ништо што било спротивно на одлуките и прописите кои биле определени за спречување на ширењето на ковид-19.

Како што соопшти Обвинителството, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по извршени детални проверки, донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот кој беше оформен по поднесено известување поради сомненија дека услугите на фитнес центар во Скопје се користеле спротивно на одлуките и прописите со кои беа определени мерки за спречување на ширењето на ковид-19.

Основното јавно обвинителство Скопје издало наредби за обезбедување на видео записите и за вештачење на ДВР-уредите на кои се сочувани видео записите од безбедносните камери во фитнес студиото, а во својство на сведоци биле испитани повеќе лица. Се анализирал целокупниот материјал кој што бил обезбеден и доставен од СВР Скопје, а бил одземен од деловниот субјект во критичниот период.

„Притоа, на прибавените снимки не биле забележани ниту посочените, ниту други лица да ги користат услугите на фитнес центарот спротивно на донесените забрани. Од вештачењето на ДВР-уредите произлезе дека видео записите не биле манипулирани, односно беше потврден интегритетот на податоците на доставените уреди. Дополнително, надлежниот јавен обвинител ја прибави и документацијата од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР кои спровеле постапка во однос на наводите за присуство на полициски службеници во фитнес центарот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата. По проучување и анализа на целокупниот материјал, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај не постои основано сомневање дека е извршено кривично дело кое се гони по службена должност“, соопшти Обвинителството.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This