January 17, 2022, 1:23 am

Можен тepopистички нaпaд: Пpeдупредени амбacaдите на Косово – Што се случува?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Некои странски амбасади во Косово им испратија известувања преку електронска пошта на вработените од својот внатрешен персонал да ги одбегнуваат метежите и големите трговски центри, бидејќи постои опасност од терористички напад кон крајот од овој месец ноември.“ – објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“, пренесува Експрес.

„Бота сот“ пишува: „Во една ваква емаил – порака, која информативната агенција Асошиетед прес имала можност да ја види, се наведува дека станува збор за ‘еден напаѓач’. Можното време за евентуалниот напад е одредено за крајот на овој месец, поточно за 30.ноември 2021 година. Во оваа емаил – порака стои дека локалната полиција го следи и го набљудува осомничениот.“

„Заради сопствената безбедност, на сите членови на персоналот на странските амбасади им се советува да не ги посетуваат подрачјата на големите трговски центри. Извори од полицијата потврдија дека од нив било побарано да ги зголемат силите околу овие големи трговски центри, каде што, евентуално, е планиран напад, но не е обезбедена организирана оперативна операција. Повеќето полицајци во моментов вршат надгледување, за да се обезбеди периметарот околу овие центри. Наводно, нападот е категоризиран како ‘можен терористички напад’. Сепак, официјално од косовската полиција ништо не потврдуваат ништо.“

Инаку, на 13.10.2021 година информативните портали известија дека петмина екстремисти беа уапсени и обвинети за тероризам на Косово, откако беа уапсени во Пеќ, Призрен и Ѓаковица по налог на специјалното обвинителство. За време на апсењето бил пронајден арсенал оружје, кој бил скриен во јама ископана во блиска планина. Полициската управа за борба против тероризмот ги уапсила петтемина осомничени, бидејќи подготвувале терористички акции и поседувале нелегално оружје.За време на рацијата пронашла експлозив, беспилотни летала и противтенковско оружје.

Исто така, на 4.9.2019 година косовските медиумите имаа јавено дека Основниот суд во Приштина осудил шест лица од албанска етничка припадност на вкупно 25 години затвор, поради планирање терористички напади врз припадници на мисијата на КФОР, објекти на Српската православна црква, како и дискотеки во Косово. Во обвинението на Специјалното обвинителство тогаш беше наведено дека дека обвинетите планирале да формираат организација, што ќе подготвува терористички и самоубиствени напади во Косово, Албанија и Македонија. Цели на планирани напади биле дискотеките „Камбоџа“ и „Инсомнија“ во Грачаница, како и православната црква во близина на кафулето „Москва“ во Северна Митровица.

Извор: Експрес

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This