Народна банка демантиpa: Курсот на денарот е стабилен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Погрешни се информациите дека е покачен курсот на еврото, реагираа од Народна банка по објавите кај дел од медиумите, кои, според НБ, направиле забуна помеѓу курсната листа за вршење на платен промет со странство за потребите на државните органи со средниот курс кој е релевантен податок за вредноста на валутите.

„Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка изнесува 61,69 денари и истиот е непроменет во однос на лани. Во ова може секој да се увери доколку ја посети веб-страницата на Народната банка, каде секој ден се објавуваат овие податоци и која е единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута“, велат од таму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This