March 29, 2024, 11:59 am

Најмалку 300 навивачи на Финска се вратија ковид-позитивни од ЕП

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 300 фински навивачи се вратија ковид позитивни од Европското фудбалско првенство, објавија тамошните власти, што би можело да биде причина за одложување на планираното олабавување на епидемиолошките мерки во земјата.

Дневниот број на новозаболени во Финска од 50 се зголеми на преку 200 во минатата недела, ниво што се очекува да продолжи да расте, предупредија властите.

Јасно е дека пораст на нови случаи се должи на враќањето на навивачите од фудбалското ЕП, тврди Мика Салминен од здравствениот Институт на Финска.

Проучувајќи ја нивната возраст, јасно е дека многу од нив не примиле две дози од вакцината против ковид, додава Салминен.

Локалните здравствени власти објавија дека на подрачјето околу Хелсинки се откриени над 200 инфекции што се случиле во Русија.

Финскиот здравствен Институт проценува дека меѓу 4.000 и 6.000 Финци отпатувале на натпреварите во Санкт Петербург, град кој урива рекорди по бројот на смртни случаи во Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This