January 18, 2022, 3:13 am

Се журкала до рано наутро: Најмладата европска премиерка е на удap на јавноста поради бурниот ноќен живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сана Марин, премиерката на Финска, најмладата премиерка во Европа, се најде на удар на јавноста бидејќи отишла во ноќен клуб, каде што останала до четири часот наутро. Истиот ден беше објавено дека министер во нејзината влада е позитивен на ковид.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од премиерката , а ги објавија и локалните медиуми. Според нив, очевидци, 36-годишната премиерка била многу весело расположена, и дека пиела и играла цела вечер со пријателите.

Тоа немаше да биде проблем доколку таа вечер не беше објавено дека министерот за надворешни работи Пека Хависто е позитивен на корона вирусот и дека сите владини службеници кои биле во контакт со него биле информирани за тоа преку СМС, пренесува Спутник.

Финските медиуми наведуваат дека на луѓето кои биле во контакт со министерот им било кажано да останат дома и да избегнуваат контакт со други луѓе. Премиерката рече дека пораката ја прочитала дури следното утро, бидејќи во ноќниот клуб однела приватен мобилен телефон, но не и службен.

Но, Маринова објасни дека додека била во клубот и се јавил државниот секретар кој и рекол дека не мора да остане дома бидејќи не била во близок контакт со заразениот министер.

Таа на социјалните мрежи објави дека била тестирана со ПЦР и дека е негативна. Таа објасни дека ќе го повтори тестот уште еднаш и дека ќе избегнува контакт додека не го добие неговиот резултат.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This