Ни живoтнитe нe ce бeзбeдни..: Пpв cлyчaj нa зapaзa co кopoнaвиpyc кaj гoлeми мajмyни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе горили во зоолошката градина во Сан Диего во Калифорнија се заразиле со коронавирус и покажуваат симптоми на болеста, вклучувајќи и кашлица. Тоа е прв познат случај за пренесување на овој вирус кај големите мајмуни, соопшти ЗОО.
Се претпоставува дека осумте горили се заразени со Ковид-19 од асимптоматски членови на персоналот, и покрај почитувањето на строгите протоколи за биолошка безбедност согласно насоките на американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Зоолошката градина тестирала примероци од фекалии на горилите, откако минатата среда две од животните почнале на кашлаат, се наведува во соопштението.

Првичните резултати покажале присуство на вирусот само кај некои горили, но имајќи предвид дека животните живеат заедно, вработените во ЗОО претпоставуваат дека е заразена цела група од пет женки и тројца мажјаци.

Три горили моментно покажуваат симптоми на болеста, вклучувајќи и кашлица, а целата група е под постојан надзор.

– Освен кашлицата, горилите добро се снаоѓаат. Групата останува заедно, но е во карантин, изјави генералната директорка на Сафари паркот, Лиса Петерсон.

Коронавирусот е откриен и кај голем број други видови диви животни во заробеништво, вклучувајќи неколку лавови и тигри во зоолошката градина Бронкс во Њујорк и четири лавови во зоолошката градина во Барселона во Шпанија.

– Меѓутоа, горилите во Сан Диего се прв познат случај на инфекцијата потврдена кај мајмуни, изјави портпаролот на зоолошката градина Ендру Џејмс.

Вирусот, исто така, се појави и кај голем број домашни кучиња и мачки. Минатиот месец, Министерството за земјоделство на САД го потврди првиот познат случај на коронавирус кај животни во дивината, а заразата е откриена кај визони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This