Нивoтo нa Дунав во Словачка мoжe дa ce згoлeми зa 2,5 метри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нивото на Дунав може да порасне за 2,5 метри во Словачка, покажуваат денешните податоци на страницата imeteo.sk, која го следи водостојот на реките.

Се наведува дека бранот од Германија и Австрија, кој ги предизвика поплавите, може да се одрази и на Братислава, пренесува агенцијата ТАСР.

Словачкиот хидрометеоролошки институт (SHMU) издаде предупредување за можни силни бури низ Словачка, каде може да падне голема количина дожд.

„Како резултат на обилните дождови што паднаа претходните денови во Германија и Австрија долж Дунав, очекуваме значително зголемување на водостојот во словачкиот тек на Дунав“, изјавија метеоролозите.

Нивото на Дунав во недела во 14.30 часот достигнало 526 сантиметри во предградието на Братислава, Девин и 565 сантиметри во Братислава.

SHMU очекува кулминацијата да биде утре наутро.

„Според нашите проценки, нивото на водата во Девин може да достигне 700 сантиметри, а 740 во главниот град“, соопштиле од SHMU додавајќи дека постепеното опаѓање на нивото на Дунав веројатно ќе започне попладне во понеделник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This