January 17, 2022, 5:41 pm

Николоски: “Заев нaмepнo ce глyпиpa co дeливepи kaзинa зa дa нe ce збopyвa зa 2000 mpтви oд кopoнa”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со силната пропагандна машинерија што ја прави власта ги тераат луѓето да заборават. Видовме како прв човек на ФЗО си става пари во торба и не одговара, си го штити власта. Пратеникот Зеќири даде оставка за да биде директор на ФЗО и јавноста заслужува одговор зошто е предложен друг, бидејќи Министерството за здравство и ФЗО се двата столба кои или ќе ја решат кризата или ќе завиваат семејства во црно, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето на утринската програма на телевизија Алфа.

Николоски посочи дека Заев намерно како да смислува што да каже ново пред секој настап, и тоа како што вели најчесто е некоја „зелена“. Заев воопшто не е доследен и тоа е страшно кога станува збор за сериозни теми.

“Заев зборува за сè и се е различно, нема доследност. Го гледам на една национална телевизија. И вчера кажа дека имало диливери казина. Заев намерно се глупира со изјави за деливери казина за да не се зборува за криминалот и две илјади мртви од корона”, рече Николоски.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This