March 28, 2024, 12:09 pm

Oбвинeтa вчера фaти пpoлив на завpшни зборови, денеска се пензионираше поротник: Cyдењето на Канческа за Музејот на ВМРО се врати на почеток

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинетата во случајот „Тендери“, Јулијана Угриновска, која вчера фатила пролив и не дојде на завршните зборови, поради што судењето се одложи, може да здивне, зашто судењето се враќа на почеток.

Судскиот совет го разреши поротникот Митко Сандев, кој наврши 60 години. Комоцијата доаѓа и за пораешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска и за Лидија Лазарова-Цветковска, кои, исто така се обвинети во овој предмет. Проливот ги закочи завршните зборови и купи време до пензионирањето на поротникот, т.е. до стопирањето на судењето и враќањето отпочеток, со нов поротник во советот.

„Тендери“ и онака во Основниот кривичен суд се влече скоро 4 години, а процесот е за незаконски јавни набавки при изградбата на Музејот на ВМРО.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Стевчо Донев.

Поради пензионирањето на поротникот, на почеток се враќаат и најголемиот предмет на поранешното СЈО „Титаник“, потоа „Талир 1“, „Талир 2“ и „Топлик“.

За да биде комплетна сликата за успехот на судењата во Основниот кривичен суд по обвиненијата на СЈО поднесени до 30 јуни 2017 година, а и тие кои се поднесени неколку месеци потоа, треба да се спомене и враќањето на предметите на почеток поради разрешувањето на судијата Горан Бошевски.

Поради тоа, се враќаат назад и „Траекторија“ и „Талир 1“ кај што суди Бошевски.

Сите овие случаи се за висока корупција и за организиран криминал. Во секоја прилика и во секој извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ, ни беше укажувано дека мора овие случаи да се завршат, бидејќи е услов државата да добие позитивна оценка за владеење на правото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This