March 28, 2024, 10:46 pm

Огромни казни за туристите кои земаат песок како сувенир од плажите во Сардинија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шишенце песок од плажите во Сардинија за многумина се чини добар сувенир, но проблем е во тоа што голем број туристи ја имаат истата идеја.

Сардинија, позната по своите прекрасни плажи, се соочува со потешкотии поради игнорирањето на предупредувањето на туристите да ги остават плажите недопрени.

Затоа властите одлучиле да воведат построги мерки за оние кои ќе одлучат со себе да понесат и најмала количина песок или школка.

Ако бидат откриени, туристите ќе треба да платат меѓу 500 и 3.000 евра, а тоа неодамна и се случи на една екипа фатена на еден од аеродромите и тоа ни помалку ни повеќе со четири килограми песок од разни плажи.

Сите до еден биле казнети со максимален износ, објавија властите и објаснија дека сардиниските плажи секоја година трпат непоправлива штета поради тоа што „туристите без нималку почит со себе носат песок, камења и школки“.

На плажата Spiaggia della Pelosa, една од најубавите во Европа, туристите под пешкирот мора да имаат сламена простирка и да ги почитуваат строгите забрани за пушење. На оваа плажа е ограничен бројот на посетители и влезот се наплаќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This