January 24, 2022, 11:10 am

Орбан брилијантен на интервјуто со Такер Карлсон: За Бајден, вели кој е тој? – имаме од бога дадено право да го браниме својот народ, држава, јазик и култура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Виктор Орбан брилираше во своето гостување во емисијата на Такер Карлсон на Фокс њуз. Унгарскиот премиер кој е мета на критика на целиот неолиберален западен свет успеа да ја испрати својата моќна порака до целиот свет.

Запрашан за мигрантската криза тој истакна дека Унгарија и секоја држава има од бога дадено право да го браниме својот народ, држава, јазик и култура.

-Aко некој без дозвола на унгарската Влада ја помине границата мора да заштитите вашата граница. Моравме да кажеме стоп. Ако сакате да минете, да влезете има легална процедура мора да ја спроведеме. Не можете да поминете без контрола, без процедура, тоа е опасно. Морате да го браните вашиот народ од било која опасност. Имаме право да го направиме, од бога дадено право, од природата мораме да ја заштитиме нашата држава, народ, историја, јазик и моравме тоа да го направиме. Се разбира ако имате проблеми и нема никој поблиску до вас од Унгарија, мора да помогнете, но не може да кажете океј убава ви е држава ќе дојдам тука и ќе живеам, тоа не е човеково право поубаво се живее тука. Нема шанси ова е наша земја, вели Орбан.

Од разбирливи дипломатски причини тој несакаше да говори за штета што ја направија мигрантите во Германија кој ги прими „мама“ Меркел.

Тој остро, но со дипломатски ракавици му одговори и на Џо Бајден кој своевремено го нарече Орбани диктатор и бандит.

-„Кој е тој човек“, вели Орбан додавајќи дека имаат проблем со успехот на Унгарија.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This