Османи: Секое излегување од рамката на Договорот за добрососедство е враќање во ситуација пред договорот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорот со Бугарија е соодветна рамка која ги решава разликите меѓу нас и Република Бугарија. Тоа што треба да се направи понатаму е како да се создаде предвидливост и да се врати довербата во тој договор, рече вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според министерот, секој излегување од таа рамка на договорот е враќање во ситуација пред договорот, кога немаше никаква предвидливост во нашите односи.

-За жал и поради објективни и субјективни фактори се изгуби довербата дека тој договор ги испорачува резултатите. Јас лично и повеќето од нас сме убедени дека договорот е соодветната рамка која што ги решава разликите меѓу нас и Република Бугарија, изјави Османи во гостувањето во ТВ 24.

Тој додаде дека Бугарија не ги спори идентитетските атрубути.

Според министерот, нема потреба од никаков страв затоа што никој не може да го оспорува македонскиот јазик и идентитет и тоа го разјасниле со бугарските колеги по серијата средби во изминатиот период.

Вели дека каменот на сопнување е нивната позиција по однос на историјата, односно на минатото.

-Но, ова е добра појдовна основа да се продолжи понатаму. Успеавме тоа да го разјасниме преку се почестите и појасни позиции на Бугарија дека ниту имаат право да спорат затоа што тоа се права на државите кои произлегуваат од фундаментланто право на самоопределвуање. Државите познаваат држави и после државите сами одлучуваат кој јазик да зборуваат, како се нарекуваат и важно е тоа да го зацврстуваме за да не отвориме дебата понатаму, додаде Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This