Пopaди вakцинaтa биле лaжнo пoзитивни нa тecт зa XИB: Австралиските влacти гo oтфpлилe дoмaшниoт кaндидaт зa вakцинa пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралиските власти го отфрлиле домашниот кандидат за вакцина против коронавирус, откако волонтерите биле лажно позитивни на вирусот ХИВ.

Вакцината не одела подалеку од првата фаза на клиничките истражувања, а ја развивале Универзитетот Квинсленд и биотехнолошката компанија “CSL”. 

Австралија се надевала дека вакцината ќе биде достапна до средината на 2021-ва година.

“CLS” во соопштението навела дека немало нуспојави на основа на 216 волонтери, меѓутоа, вакцината покажала дека има “силен безбедносен профил”.

Сепак, прелиминарните податоци покажуваат дека антителата кои ги генерира вакцината прикажуваат лажно позитивни резултати на ХИВ тест.

“Во дополнителните тестови откривме дека волонтерите немаат ХИВ, само дека паниката беше лажна, но не е возможно вакцината да предизвика ХИВ”, се наведува во соопштението на “CLS”.

Премиерот на Австралија, Скот Морисон, денеска рекол дека таа вакцина нема да биде дел од вакцинацискиот план, а претходно владата нарачала 51 милион дози од вакцината на “CLS”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This