Пoчина Џејмс Перјду, идеологот на Охридскиот Рамковен договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот дипломат кој помогна во завршувањето на конфликтот во 2001 и во склучувањето на Охридскиот договор, Џејмс Пердју, починал во средата на 77 години, објави весникот „Арканзесонлајн“. Причината за смртта не е наведена.

Џејмс Пердју остави неизбришлив белег на Балканот – прво како дел од екипата на прославениот дипломат Ричард Холбрук, а потоа и како американски претставник за Македонија за време на воениот конфликт 2001 година. Тој беше еден од архитектите да им се стави крај на непријателствата, а потоа да се осмислат уставните измени. Пердју го претставуваше американскиот министер за одбрана на преговорите во Дејтон за иднината на Босна и Херцеговина, а беше и заменик-специјален советник на претседателот на САД во времето на конфликот во Косово и имплементацијата на мировниот договор.

Пердју во 2002 година стана амбасадор на САД во Бугарија, каде службуваше три години.

Пердју беше дел од воената разузнавачка заедница на САД 28 години и стигна до чин полковник. Претседателот Бил Клинтон го именуваше Пердју за американски претставник за воена стабилизација на Балканот во 1997 година со ранг амбасадор.

Оваа година Пердју остро ја критикуваше бугарската блокада на Македонија. „Националистите во Бугарија гледаа како Грција го користи своето членство во ЕУ за да изврши притисок врз Северна Македонија. И тие одлучија да ја спроведат истата стратегија. Но времето за малтретирање на Северна Македонија заврши“, изјави Пердју за Дојче веле во јануари годинава.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This