Подолго отколку што се мислеше: Австралиски научници утврдиле колку трае имунитетот на Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетот Монаш во Мелбурн објави откритие на група научници кои посочуваат дека антителата спречуваат повторна инфекција најмалку осум месеци. Претходните студии сугерираа дека антителата од Ковид-19 почнуваат да исчезнуваат за неколку недели или месеци.

Сепак, новата австралиска студија покажува дека одредени клетки во имунолошкиот систем, наречени мемориски Б клетки, ја „запомнуваат“ вирусната инфекција и предизвикуваат заштитен имунолошки одговор со правење антитела во случај на повторно изложување.

Студијата испитала 25 пациенти со Ковид-19, земајќи 36 примероци на крв, почнувајќи од четвртиот ден по инфекцијата. Последните примероци биле земени 242 дена по инфекцијата. Научниците увиделе дека бројот на антитела кои се борат против вирусот почнал да опаѓа 20 дена по инфекцијата, но откриле дека мемориските клетки специфични за вирусот Ковид-19 остануваат стабилни најмалку осум месеци.

Овие резултати се всушност добра вест за ефективноста на вакцината, што исто така дополнително објаснува зошто има толку малку нови примери на човечка повторна инфекција со корона вирусот.

Ова беше црн облак што „лебдеше“ над потенцијалната заштита што може да ја обезбеди секоја вакцина против Ковид-19. Покрај тоа, ова откритие дава вистинска надеж дека штом се развие вакцина или вакцини, тие ќе обезбедат долгорочна заштита – вели вонредениот професор Мено ван Зелм од Одделот за имунологија и патологија на Универзитетот Монаш.

Иако постои широк спектар вакцини против Ковид-19 за кои се покажало дека се ефикасни во градењето имунитет против вирусот, сè уште е нејасно колку трае заштитата. Сепак, вакцините исто така ќе треба да ги следат мутациите на вирусот.

Извршниот директор на „БиоНТек“, Угур Сахин, претходно оваа недела изјави дека германската компанија наскоро ќе добие вакцина за борба против новиот подвид на Ковид-19 што се појави во Велика Британија, но изрази уверување дека тековната вакцина развиена со американската компанија „Фајзер“ ќе продолжи да биде ефикасна.

Кирил Димитриев, извршниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој го финансираше развојот на вакцината на руската вакцина „Спутник 5“ соопшти дека таа вакцина е ефикасна и против новиот подтип на корона вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This