January 19, 2022, 9:42 am

Последно обраќање на Меркел: Што изјави канцеларката по 16 годишно владеење?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската канцеларка на заминување Ангела Меркел повика на солидарност во борбата против ширењето на коронавирусот и уште еднаш апелираше до Германците да се вакцинираат, во нејзината последна неделна видеопорака како канцеларка.

-Сфатете го сериозно овој непредвидлив вирус, повика таа.

Меркел зборуваше за пренатрупаните оддели за интензивна нега со сериозно болни пациенти ширум Германија и ужасно високиот број на починати како последица на вирусот.

Секој од нив зад себе ги остава семејството и пријателите, шокирани и беспомошни. Ова е посебно горко затоа што може да биде избегнато. Со ефективни и безбедни вакцини, клучот е кај нас, кажа Меркел и им се заблагодари на граѓаните кои имаат разбирање за мерките за заштита од коронавирусот.

Тие го сочинуваат огромното мнозинство во нашата земја. Тие секој ден го покажуваат граѓанскиот дух кој ја прави оваа земја прекрасна и без нив никој канцелар, ниту влада, не може да постигне ништо, додаде долгогодишната германска канцеларка.

Меркел ја напушта функцијата следната недела и на нејзиното место доаѓа Олаф Шолц од социјалдемократите.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This