Протест во Тирана против „Отворен Балкан“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Активисти на Движењето за демократија одржаа симболичен протест пред владата во Тирана, за да се спротивстават на позицијата на премиерот Еди Рама, за регионалниот договор „Отворен Балкан“, а во исто време и неговите односи со српските лидери, пренесуваат албанските медиуми.

Пред владата, активистите развија пано со различни фотографии, меѓу кои и фотографија на која премиерот Рама, се ракува со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Меџид Рамуша од Движењето за демократија рече дека преку оваа симболична акција тие изразуваат незадоволство од неодамнешните настани, особено од постапките на Еди Рама.

-Го изразивме нашето незадоволство од премиерот на Албанија, Еди Рама, за неговите врски со Вучиќ, српскиот криминалец кој изврши масакри на Косово и ги презентиравме сите факти за неговите врски со Милошевиќ. Се спротивставуваме и на неговата, на Рама, иницијатива за „Балканскиот минишенген“, рече тој.

За разлика од оваа асоциација, албанскиот бизнис во „Отворен Балкан“ гледа со оптимизам и смета дека Албанија ќе има придобивки и оти негативниот трговски биланс со Северна Македонија и со Србија, ќе може да се подобри со договорот кој предвидува создавање заеднички пазар без царински граници меѓу земјите.

-Мораме да спроведеме пет услови пред да го потпишеме договорот за слободна трговија. Реципроцитет на стоки, месечни увозни квоти, даноци за субвенции за производи и принцип на заштита. Доколку сè се направи правилно, Албанија го има целиот капацитет да биде најголем корисник од овој договор, оценува Зуси

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This