Реформи во судство значат експонирање или унапредување на оние коишто му слугуваат на Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за интернет порталот Нетпрес вели дека Македонија има тростепен судски ситем и политиката треба да стои настрана и да не се меша во судските работи, затоа што секое мешење од страна на политичари со изјави од типот дека ќе ги ревидираат судските процеси, сами по себе се скандалозни.

Тој смета дека изјавите од овој тип, кои воедно ги упатуваат премиерот Зоран Заев и министерот за правда, Бојан Маричиќ се директна закана кон судството, што во суштина значи – „Ќе ме запаметите вие јас кога ќе победам што ќе ви направам“.

„Но тоа не е суштинскиот проблем. Проблемот е кога ќе ви спомнат Зоран Заев или Бојан Маричиќ реформи во судство, тоа значи бркање на неподобните судии и практично експонирање или унапредување на оние коишто му слугуваат на Зоран Заев. Тоа е скандалозно, само посебе тоа е закана и зошто е таа закана самата посебе скандалозна? Затоа што, целокупниот процес е започнат уште при формирање на онаа „длабока држава“ во судството во 1995/96 година, во едноумие кога поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ не беше дел од парламентот како и целата опозиција, тогашната власт практично во еден ден избра 500-ни обвинители и судии. Е, сега 25 години потоа нивните синови и деца треба да направат еден вид освежување на таа „длабока држава“ во судството, и повторно судството да остане под влијание и заробено од страна на истите политичари и истите политички елити коишто се сеприсутни во овој период, а се дел од СДСМ“, истакна Мицкоски кој вели дека тоа е суштината на тоа што сега го најавуваат Заев и Маричиќ.

Мицкоски го појасни и начинот за избор на судии, при што истакна дека во Македонија судии се избираат од членови на Судскиот совет кој се предложени или пак жестоко се притиснати на од СДСМ или пак лицата кои што ги предложи претседателот Стево Пендаровски, кој додаде дека се додека на овој начин функционира сусдството, во Македонија нема да имаме владеење на правото.

„Како се станува судија, треба да знаат граѓаните. Имаме Академија за судии исто како што имаме и Академија за обвинители, којашто ја води Наташа Габер, поранешен Уставен судија предложена од СДСМ. И Наташа Габер филтрира и одлучува кои судии натаму ќе му бидат предложени на Советот на судии. Советот на судии го сочинуваат судии коишто се жестоко притиснати од страна на СДСМ и каде што главен збор го имаат двата предлога на Стево Пендаровски од коишто едниот предлог знаете на социјалните медиуми го има како вее знамиња на СДСМ по митинзите. Тие се тие коишто одлучуваат денеска кој ќе биде примен како нов судија, кој ќе биде унапреден како судија. И нормално главниот критериум кој подлабоко ќе им се покори на Зоран Заев и Бојан Маричиќ“, констатираше Мицкоски.

Мицкоски вели дека се додека не се расчистат случаите како на пример што се случувало со незаконски стекнатите прислушкувани материјали во кои биле снимани судии и за кои самиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека ќе има детална истрага и случајот со поткупот на пратеници од страна на Зоран Заев, за што и пратеник од собраниска говорница обвини, не може да се зборува дека во Македонија има владеење на правото.

„Затоа, или ќе има правда за сите или ние ќе станеме анархија. За жал, ние со СДСМ и Заев полека, но сигурно се движиме кон анархија. Затоа се потребни промени, потребна е правна држава и да го промениме моделот на избор на судии и на обвинители. Никој не смее да им се заканува. Професионални луѓе, компентентно да си ја вршат работата. Ако се остават слободно да работат судиите и обвинителите ќе имаме добри резултати во судството“, порача Мицкоски.

Во однос на најавената реформа во образованието, Мицкоски истакна дека сеуште ги разгледува детално и дека за скоро време ќе излезе со детална анализа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This