January 17, 2022, 3:12 am

САД испраќа нова пратка opyжје и мyниција во Украина како дел од одбpaнбената помош вредна 60 милиони долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД ќе испратат оружје и муниција во Украина оваа недела, односно последната серија воена помош планирана за годинава, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
„Американскиот претседател Џозеф Бајден одобри пакет одбранбена помош од 60 милиони долари, а последниот дел ќе и биде доставен на Украина оваа недела“, рече Кирби.

Тој објасни дека вооружените сили на Украина ќе добијат оружје и муниција.
Да потсетиме, на 7 декември преку видео врска се одржа разговор меѓу Путин и Бајден, кој траеше околу два часа. Помошникот на рускиот лидер Јуриј Ушаков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин разговарал со својот американски колега Џозеф Бајден за време на онлајн разговорите за црвените линии и заканите што ја засегаат Москва. Американскиот лидер, од своја страна, изрази загриженост поради влошувањето на ситуацијата околу Украина.

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This