January 21, 2022, 12:25 pm

Словенците пратија сателит во Вселената, Шилегов уште не може тротоар да направи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хаотично утро ги пречека жителите на Скопје, па и оние кои се затекнале во Град Скопје, без никава најава и предупредување почна со реконструкција најпрометната улица во строгиот центар, поточно на улицата 11 Октомври во центарот на градот, на потегот од крстосницата кај Црвен крст до Собранието.

Поради градежните работи едната страна на улицата е целосно затворена за сообраќај, што предизвика метеж во сообраќајот и гужви низ центарот на Скопје и воопшто низ целиот град.

Добро е тоа што Петре се сети дека треба да се средат булеварите и дека сега е времето кога треба да ги средува – неколку месеци пред локални избори. Точно знае дека гласачите ја паметат последната година, поточно последните неколку месеци од мандатот. Ама поентата на овој текст не е дали му текнало на Петре, или не.

Поентата е дека Петре блокира цел главен град тогаш кога ќе можат сите да видат дека нешто се прави. Во работни часови. Тогаш кога се најпотребни проодни сообраќајници и чисти улици. Овие работи, ако не се користат како политички маркетинг се прават кога е најрастеретен сообраќајот – навечер.

Така е во светот.

Еве за пример како се асфалтираат 32.000 метри квадратни во Москва за еден ден

Градскиот татко Шилегов сепак добро си работи на личниот и партискиот ПР. Ако работи преку ноќ нема да го види никој, нема да има хаос, нема да видат граѓаните дека се копа, нема нервоза, викање – исто како да не сработил ништо.

Петре Шилегов, ладен како да најавува временска прогноза излезе по медиумите и ги замоли граѓаните да имаат трпение… Дека до крајот на октомври комплетно ќе се завршел само тој дел на улицата. Цела галама само за еден дел на улицата, а скопјани да се радуваат дека еден месец трпение-спасение ќе добијат, односно тротоар , велосипедска патека па дури и пешачки .

https://www.youtube.com/watch?v=btOE0rcKDC0&fbclid=IwAR0qLto2QhvWKInPG3ACQB7KtEB6sK356Dw6aeDVv_KMQ-ZzrWbUsA4ZD-o

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This