Сопственик на кафуле во Истанбул уапсен за „навреда“ на претседателот Ердоган

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопственикот на кафуле во Истанбул, Сенол Буран, е уапсен затоа што го „навредил“ турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кога рекол дека „не би го послужил (шефот на државата)  со чај“.

erdogan-3

Инцидентот се случил кај седиштето на редакцијата на опозицискиот весник „Џумхуриет“ каде се наоѓа и кафулето на уапсениот Буран.

Според турските медиуми, Буран одел на работа, но бил сопрен од полицијата, затоа што квартот бил строго обезбедуван поради присуството на претседателот Ердоган, кој во тој дел од градот, држел говор.

На полицаецот му дофрлил- Овој човек (Ердоган) не би го послужил ниту со шолја чај- по што набргу бил уапсен и изведен на сослушување.

На сослушувањето уапсениот кафеџија се бранел дека „одбивањето да се послужи чај  не е навреда на претседателот„ но Кривичниот суд во Истанбул веке определил и судење.

Доколку Буран навистина биде и осуден, се соочува со затворска казна до четири години.

Апсењето на кафеџијата се поврзува со односот на власта кон весникот, еден од малкуте кои има анти-Ердоган позиција.

Персоналот од весникот е меѓу десетицити илјади уапсени, сменети или суспендирани вработени во јавниот сектор, сите осомничени дека се во врска со верскиот лидер Фетулах Гулен, а тој дека стои зад неуспешниот воен удар од јули оваа година.

Минатиот месец, десетмина вработени на „Џумхуриет“ беа уапсени за „подршка на курдските милиции„  и на движењето на Гулен.

претходниот член,ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Следната статијаТРАМП: ОН е само добар клуб за забава

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This