November 26, 2022, 10:46 am

СОФИСКА АЛХЕМИЈА: Како Русите ги асимилирале Турците во Бугарија во Бугари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екатерина Захариева е актуелен министер за надворешни работи во Владата на Бојко Борисов. Порталите во Бугарија пред десетина дена, за време на големиот христијански празник Велигден, објавија коментар на Екатерина Захариева за потеклото на Бугарите.

Заслепени од антимакедонизмот, во намерата да докажат дека Македонците не постојат, Екатерина Захариева поаѓа од одговорот кои се Бугарите, која самата си го дава и се вплеткува во лавиринтот на глупоста.

Интересна е алхемијата на Екатерина Захариева за потеклото на Бугарите, да падне човек од смеа. Потребно е да се чуе, за да со време ги подготвиме Македонци каква ревизија на македонската историја ни подготвуваат кујните на идиотизмот на Зоран Заев и Бојко Борисов, откако го потпишаа “Договорот за добрососедство пријателство и соработка“ на 1 август 2017 година во Скопје, односно Договорот за велепредавство, со обврска да формираат меѓудржавна комисија за ревизија на историјата на Македонија.

Имено, Екатерина Захариева во својот коментар вели: “Бугарите се насилно покрстени Турци по 1878 година. Значителен дел од Бугарите немаат бугарско потекло, тоа е објективен историски факт. Овој процес на асимилација не започнува од времето на комунистите. По т.н. ‘ослободување’ од 1878 година (м.з. Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година после Руско-Отоманската војна 1877-1878 година), започнува процесот на присилна асимилација. Стотици илјади Турци се насилно покрстени во Бугари од страна на Турците. Пред руските топови оделе руските свештеници кои го вршеле покрстувањето, тој што не го прифаќал крстот бил протеруван или ликвидиран. И внимавајте, станува збор за две третини од вкупното население на сегашна Бугарија! Целта на Русите била слична со настаните во Македонија и т.н. македонски етнос денес. Прво, од Турците да направат ‘Бугари’, а потоа од Бугарите – Руси. Слично на ова, Србите ги измислиле Македонците за потоа да станат Срби. Погледнете само во колку градови и села кај нас има џамии, а таму нема Турци. Зошто е тоа така? Кој би градел џамија во христијански град? Се разбира, во тие градови немало христијани, туку муслимани и Турци, со сила не’ асимилирале во Бугари. Бугарската етничка група побегнала од Бугарија со отоманската инвазија, вистинските Бугари се претопени во други словенски народи, таму каде што емигрирале – во Полјаци, Чеси, Руси… Зарем не го гледате позитивниот однос меѓу Бугарите и Турците, и покрај пропагандите, ги почитуваме и ги чувствуваме за блиски, бидејќи сме една крв која се’ уште се вирее. Во нашето минато мораме искрено да погледнеме и да ја признаеме вистината. Се разбира, никој нема со сила да биде деклариран за Турчин денес, работите ќе си останат такви какви што се. Но, мора на вистината да и’ погледнеме во очи, а не да се правиме лажни братучеди со Русите.“

Со неколку реченици Екатерина Захариева ја објасни историјата и потеклото на Бугарите денес, и “улогата“ на Русите во нивното одродување од турското им потекло. Оваа акробација на Екатерина Захариева и’ беше потребна за да објасни дека таква била судбината и на Македонците, Србите ги одродиле Бугарите во Македонија во Македонци, за подоцна полесно да ги асимилираат во Срби. Ова само идиоти можат да го пишуваат и да останат живи, а здрави, колку, само Господ знае.

Од Екатерина Захариева до Божидар Димитров нема многу. Тој повеќепати досега рекол дека: “Бугарскиот народ или пра-бугарите, како што ги нарекуваат некои, се од турско потекло, дошле во нашите земји, минувајќи еден долг пат, од Монголија, од степите на Евро-Азија, до долното течение на реката Дунав и тука ја формираат Бугарската држава.“ https://www.youtube.com/watch?v=gYWR1rfBW8Q

Софиските лавиринти преполни се со теории за потеклото на Бугарите денес … од Хуни, до Авари, Монголи, Татари, Персијци, Кинези… Крај немаат бугарските лицитации.

После приказните за Бугарите како Хуни, Авари, Монголи, Татари, Персијци, Кинези, јасно ли ви е сега, после Договорот Заев-Борисов, кој од Софија треба да врши ревизија на македонската историја? Имаат ли три чисти и тие во Софија и тие во Владата во Македонија?

… И, ќе дојде ден, ќе светне македонското сонце повторно над Бугарија, има и таму, овде и онде, крв од некои кои доаѓале и проаѓале низ овие простори во вековите. Доаѓа ден кога повторно ќе светне македонското сонце над Софија, за повторно да излезе вистината, дека основата на бугарскиот демос е македонскиот етнос, дека основата на Бугарија е Македонија! Ќе им помогнеме да се ослобдат од крастата на мешетарите кои Македонците во Бугарија ги шетаат до Кина и Монголија, да бидат се’ само Македонци не’! Ќе стигнат и тие до вистината, дека во Бугарија има се’, само Бугари не’! По трагите на вистината … до Македонците … наспроти Екатерина Захариева, Божидар Димитров, и тајфата им одродничка…

Пишува
Тодор Петров

64 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This